Достапни линкови

Обама во говорот пред ОН се осврна на омразата, Сирија, Иран


Американскиот претседател Барак Обама рече дека е време да се изолираат оние кои користат омразата како основен политички принцип кон Америка, Западот или Израел. Говорејќи на отворањето на Генералното собрание на ОН, тој рече дека анти-исламското видео кое предизвика насилство низ муслиманскиот свет е навреда не само за муслиманите, туку и за Америка исто така.
Според него нападите во последните две недели не се напад само на Америка, туку и на многу идеали на кои почиваат Обединетите нации.
Американскиот претседател се осврна и на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, за кој вели дека мора да биде доведен до крај. Во говорот на Обама свое место најде и Иран. Обама рече дека времето за дипломатско решение на кризата околу нуклеарната програма на Иран не е неограничено.
XS
SM
MD
LG