Достапни линкови

Хелсиншки - Регулаторната за енергетика направила суштински грешки со новите одредби


Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата.

Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата.

Дел од прописите кои ги донесе Регулаторната комисијата за енергетика, а се однесуваат на зголемувањето на цената на струјата и парното, укината дневната евтина тарифа за електирична енергија, и беа наменети нови давачки, се донесени врз основа на непостоечки одредби од Законот за енергетика, или пак се донесени врз основа на погрешни или непрецизни утврдени одредби во Законот, се наведува во соопштението од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Тие направиле анализа на работата на комисијата и заклучиле дека два од прописите преку кои подоцна е регулирана новата цена на стрјата се донесени врз основа на непостоечки одредби од Законот за енергетика.

Потанаму заклучиле дека 11 од 15 донесени прописи се донесени врз основа на погрешни или непрецизни одредби. Според Хелсиншки, ваквите заклучоци укажуват дека прописите биле донесени во краток рок, а тоа фрла сомнеж дали притоа се испочитувани сите законски одредби. Тие сметаат дека се работи за суштински, а не за технички грешки.
XS
SM
MD
LG