Достапни линкови

Игор Јосифов - Моите дела се комуникација со публиката


Игор Јосифов, уметник. Фотографија на Жарко Чулиќ.

Игор Јосифов, уметник. Фотографија на Жарко Чулиќ.

Од 25 септември до 20 октомври, во Музејoт на современа уметност во Скопје, ќе се одржи изложбата „Селектирани дела 2007 – 2012“ на Игор Јосифов, добитник на наградата на Биеналето на млади уметници во 2011 година, соработник на светски познатата Марина Абрамовиќ и македонски уметник чии дела се прикажувани во музеите во САД, Обединетите Арапски Емирати и во голем број европски земји. Ова е негова прва самостојна постановка во татковината.

Моите дела се комуникација со публиката. Таа мие најважниот дел во моето творештво. Впрочем и како перформансот што ќе го изведам вечерва, дводимензионален каде што и самата публика станува изведувач.
Сакам да го покажам целото искуство што сум го стекнал овие години во Америка, во Париз, Берлин и сето тоа да биде прикажано на еден навистина убав, репрезентативен начин. Да претставам неколку проекти кои стануваат една приказна.

Ова ќе го потенцира Игор Јосифов во пресрет на својата прва самостојна изложба во татковината „Селектирани дела 2007 – 2012“, која од 25 септември до 20 октомври, ќе се одржи во Музеј на современа уметност во Скопје. Колку и да звучи чудно, Јосифов е попознат на американската и светската арт-сцена отколку на домашната, што подразбира дека со своите 27 години веќе изложувал во центрите на уметноста во Њујорк, Чикаго, Сан Франциско, Париз, Дубаи. Бил соработник на култната Марина Абрамовиќ на историски значајната постановка „Уметникот е присутен“ во Големото јаболко, каде направи перформанс на дело оригинално изведено од Србинката и Улај во 1970-те, а публиката го познава и по неговиот контроверзен перформанс „Дводимензионално“ изведен во престижната галерија „Абронс арт-центар“ и по другите мултимедијални проекти со кои се залага за ослободување на духот преку уметноста.
Проектите го прават мојот живот и најчесто инспирацијата ја црпам од луѓето и од животот. Имам некои специфични идеи што сакам да ги реализирам, но понекогаш за некоја од нив треба да помине подолг временски период за да ја реализирам на вистинскиот визуелен начин.

Во Македонија досега учествувал на неколку групни постановки, а лани за „Изгубени тела“ ја доби единствената награда на Биеналето на млади уметници на Музеј за современа уметност. Од таму, сосема разбирливо е што Јосифов за својата актуелна постановка знае да забележи.

„Сакам да го покажам целото искуство што сум го стекнал овие години во Америка, во Париз, Берлин и сето тоа да биде прикажано на еден навистина убав, репрезентативен начин. Да претставам неколку проекти кои стануваат една приказна.“

Визуелниот уметник говорејќи за себе и за сопственото творештво дополнува дека проектите го прават неговиот живот.

„Проектите го прават мојот живот и најчесто инспирацијата ја црпам од луѓето и од животот. Имам некои специфични идеи што сакам да ги реализирам, но понекогаш за некоја од нив треба да помине подолг временски период за да ја реализирам на вистинскиот визуелен начин.“

Тој, по искуството со Абрамовиќ, вели дека и натаму е отворен за соработка со други уметници и притоа би сакал тоа да бидат главно млади творци.

„Отсекогаш верувам во колаборација со најразлични уметници и мислам дека е многу фасцинантно како може да се поврзат две тотално различни креативни индивидуи и да создадат едно уметничко дело, а притоа да се научи многу од таквата соработка.“

По изложбата во Скопје на која покрај перформансот се претставени цртежи, акварел, дела од изгорена хартија, портрети и видео селекција од досегашните претставувања изведувани низ светот, Игор Јосифов се враќа во Сан Франциско каде ќе работи на новите проекти, а за 16 јануари наредната година е планирана неговата нова самостојна постановка во Лондон.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG