Достапни линкови

Шпанија- зголемена безбедност пред вечерашниот протест


Шпанските власти ја зголемија безбедноста на парламентарната зграда во Мадрид, пред одржувањето на протестот поради начинот на кој Владата ја решава економската криза.
Се очекуве неколку илјади луѓе од цела Шпанија да се приклучат на протестите со наслов „да го окупираме Конгресот“. На улиците на Мадрид се распоредени 1.300 полицајци и покрај тоа што демонстрантите најавија дека ќе протестираат пред зградата и немаат намера да влезат внатре. Демонстрантите бараат нови избори, бидејќи сметаат дека владините мерки за штедење не даваат резултати. Освен со рецесијата Шпанија се бори и со висока стапка на невработеност која достигна 26 степени.
XS
SM
MD
LG