Достапни линкови

Србија е за директни преговори со Косово, без признавање на независноста


Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска во Њујорк рече дека Србија сака да се постигнe траен мир меѓу Србите и Албанците и оти се залага за директни преговори на највисоко политичко ниво, без признавање на независноста на Косово.

„Србија сака трајно, одржливо и прифатливо решение за сите проблеми, сака да оди напред кон европската иднина и во целост е приврзана на процесот, чиј резултат би требало да биде траен мир меѓу Србите и Албанците, рече Николиќ.

Но тој додаде дека Србија не е подготвена, не може и никогаш, под ниту еден услов нема да ја признае, ниту експлицитно, ниту имплицитно, еднострано прогласената независност на својата јужна покраина Косово и Метохија.
XS
SM
MD
LG