Достапни линкови

logo-print

Меркел подржува посилна супервизија на банките


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека таа поддржува посилна супервизија на банките во еврозоната, но е против да се оди премногу брзо. Таа вели дека е прерано да се зборува за било каква докапитализација на банките во еврозоната преку европските механизми се додека надзорниот орган е во позиција да интервенира.
Лидерите на ЕУ во јуни се согласија дека спасувачките фондови на Унијата ќе може да се користат за докапитализација на банките што се во криза, но само откако ќе се формира тело за широка супервизија под раководство на Европската централна банка.
Франција сака да и се дадат овластувања на Европската централна банка да почне да ги мониторира сите 6.000 банки во еврозоната од јануари. Но, Германија бара Европската централна банка да ги надгледува само големите банки и претпочита побавно темпо при воведувањето на новините.
XS
SM
MD
LG