Достапни линкови

Сирија- експлозија на бомба пред училиште


Неколку луѓе се повредени во експлозија на бомба пред училишна зграда во Дамаск, соопштуваат од сириската опсерваторија за човекови права. Oдо опсерваторијата велат дека имале непотврдени извештаи дека училиштето неодамна било претворено во центар за военото разузнавање од страна на провладината паравоена група позната како Шабиха.
Експлозијата доаѓа на еден ден откако заедничкиот претставник на ОН и Арапската лига Лакдар Брахими, изјави пред Советот за безбедност дека ситуацијата во Сирија се влошува.
XS
SM
MD
LG