Достапни линкови

МЗТ Скопје во Јадранска лига


Кошаркарски клуб МЗТ Скопје.

Кошаркарски клуб МЗТ Скопје.

МЗТ Скопје Аеродром ја има честа да биде првиот македонски клуб што ќе се натпреварува во реномираната АБА (Јадранска) лига.

По 20 годишна пауза, следниов викенд македонската клупска кошарка повторно се враќа на поранешната југословенска сцена. Камбекот ќе го реализираме преку шампионот МЗТ Скопје Аеродром, кој ја има честа да биде првиот македонски клуб што ќе се натпреварува во реномираната АБА (Јадранска) лига, во чии рамки, во наредните 7 месеци, најмалку по два пати ќе ги одмери силите со српските Партизан, Црвена Звезда и Раднички Крагуевац, хрватските Цибона, Сплит, Задар и Цедевита, словенечките Олимпија и Крка, босанските Широки Бријег и Игокеа, црногорскиот Будуќност и со унгарскиот Шолнок.
Мислам дека како нација кои сме гладни за спорт и за успеси во спорт, ова наше учество во Јадранската лига ќе придонесе многу за популаризација генерално и на спортот во целина, не само на кошарката.

По три од овие екипи ќе играат и во двете најсилни европски натпреварувања, Евролигата и Еврокупот, што е доказ плус за врвниот квалитет на АБА, од чие проширување во Македонија, корист ќе има не само клубот од Аеродром.

Ќе биде многу тешко. Меѓутоа ние видовме и низ досегашните пријателски натпревари дека разликата меѓу нас и оние далеку пореномирани клубови не е огромна. Нормално треба работа, треба малку и спортска среќа, многу поддршка ни треба на секој наш натпревар и мислам дека тоа ќе бидат основите за еден добар наш резултат.
„Дефинитивно дека тоа е еден огромен чекор не само за МЗТ како клуб и за македонската кошарка, туку и за македонскиот спорт, бидејќи последниве години освен настапите на (ракометарите на) Металург на европска сцена нашите гледачи помалку или повеќе беа лишени од таа шанса да гледаат квалитетни спортски натпревари. Мислам дека како нација кои сме гладни за спорт и за успеси во спорт, ова наше учество во Јадранската лига ќе придонесе многу за популаризација генерално и на спортот во целина, не само на кошарката“, изјави тренерот на нашиот шампион Александар Тодоров, кој не е изненаден, ниту пак, загрижен од тоа што неговиот клуб е прогласен за најголем аутсајдер.

„Нормално е дека не сметаат за аутсајдери, со оглед на тоа што никој пат претходно немаме настапувано и со оглед на рејтингот клупски што го имаме како Македонија во клупската кошарка, со години наназад ни една наша екипа не учествува во ниедно европско натпреварување. Така да реално е да го сметаат МЗТ за аутсајдер на хартија. Меѓутоа, тоа не е истото што размислуваме ние, мојот стручен штаб и играчите. Едноставно, само тие рангирања наши како аутсајдери ни даваат дополнителна желба и мотив да се покажеме и да ги демантираме“, додаде Тодоров.

Иако не сака да говори за конечен пласман, тој е убеден дека МЗТ Скопје ќе нема проблем за обезбедување опстанок во ценетото друштво односно, за избегнување на последната позиција. Тоа нема да биде доведено во прашање, вели Тодоров.

„Ќе биде многу тешко. Меѓутоа ние видовме и низ досегашните пријателски натпревари дека разликата меѓу нас и оние далеку пореномирани клубови не е огромна. Нормално треба работа, треба малку и спортска среќа, многу поддршка ни треба на секој наш натпревар и мислам дека тоа ќе бидат основите за еден добар наш резултат“, истакна на крајот, Александар Тодоров.

Инаку, во првото коло од АБА лигата, в сабота (29 септември), МЗТ ќе му гостува на поранешниот европски шампион Цибона, а во премиерниот меч на свој паркет, во СЦ Борис Трајковски, на 2-ри октомври ќе го нагости тимот на Широки Бријег.

За одбележување е и тоа што, покрај МЗТ во претстојната сезона во АБА лигата, Македонија ќе учествува и со судијата Александар Милојевиќ, како и со делегатите Ѓорѓи Пиперков и Владимир Макревски.
XS
SM
MD
LG