Достапни линкови

Уште една жртва на западнонилска треска во Македонија


Жена на возраст од 83 години вчера починала од западнонилска треска, соопштија од Клиниката за инфективни болести. Од таму соопштуваат дека двеиполгодишното девојче кај кое исто така беше дијагностицирана западнонилска треска вчера од Детската клиника е префрлено на Инфективната клиника поради тешката општа состојба во која се наоѓа.
Останатите двајца пациенти кај кои претходно беше дијагностицирана западнонилската треска се во добра општа состојба и во фаза на излекување.
Засега нема индикации за нови случаи од западнонилска треска.
Во Македонија досега се евидентирани петмина заболени од западнонилска треска, од кои двајца починаа.
XS
SM
MD
LG