Достапни линкови

Обама ќе повика светот да се соочи со протестите во муслиманскиот свет


Aмериканскиот претседател Барак Обама.

Aмериканскиот претседател Барак Обама.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама денеска ќе повика светот да се соочи со причините за новиот бран на протести и бес низ муслиманскиот свет. Многу луѓе беа убиени во протестите насочени против САД, поради објавувањето на анти-исламскиот филм со кој се навредува пророкот Мухамед.
Според извадоци од говорот на Обама на годишното Генерално собрание на ОН, Обама ќе рече дека насилството во текот на изминатите две недели „не е само напад на Америка“, туку и „напад на многу идеали на кои Обединетите нации почиваат“. Обама, исто така, ќе се обиде да ја потврди решеноста на САД да се спречи нуклеарното наоружување на Иран. Во говорот стои дека времето за дипломатско решение со Иран не е неограничено.
XS
SM
MD
LG