Достапни линкови

Во нападите на САД во Пакистан, загинале многу повеќе цивили


Во воздушните напади од страна на американските беспилотни летала во племенските региони во Пакистан, загинале многу повеќе цивили, отколку што американските власти признаваат, се наведува во студијата направена од страна на два американкси универзитети. Студијата на Универзитетот Стенфорд и на Универзитетот Њујорк, сепак не проценува колку вкупно цивилни жртви има поради ограничените податоци. Но, врз основа на интервјуа со жителите на племенските области, вклучувајќи преживеани или членови на семејството на жртвите, студијата ги отфрла изнесените тврдења на американските претставници дека немало само еденцифрен број на цивилни жртви.
XS
SM
MD
LG