Достапни линкови

Британија ќе екстрадира радикален муслимански свештеник


Абу Хамза ал Масри

Абу Хамза ал Масри

Британија се подготвува да го екстрадира радикалниот муслимански свешетник Абу Хамза ал Масри во Соединетите држави откако Европскиот суд за човекови права пресуди дека тој може да биде испратен во САД за да одговара за тероризам. Абу Хамза кој беше уапсен во Британија во 2004 година е обвинет за обид да воспостави тренинг центар наа Ал Каеда во Орегон. Тој се противеше на екстрадицијата, наведувајќи дека во американските затвори ќе се соочел со тортура.
XS
SM
MD
LG