Достапни линкови

Претседателот на грчкиот парламент привремено надвор од должноста


Претседателот на грчкиот парламент Евангелос Меимаракис соопшти дека привремено ќе ја напушти должноста, очекувајќи ги резултатите од истрагата за перење пари, со која е поврзан заедно со други политичари. Меимаракис привремено ќе го заменуваат неговите помошници, додека не бидат објавени резултатите од истрагата, се наведува во соопштението од неговиот кабинет. Овој поранешен министер за одбрана и некогашен секретар на конзервативната партија Нова демократија се наоѓа меѓу политичарите кои, наводно, во периодот меѓу 2005 и 2008 година со купување на недвижности „испрале“ повеќе милијарди евра.
XS
SM
MD
LG