Достапни линкови

logo-print

Собранието не ги усвои заклучоците за нарушување на образовниот процес


Собранието не ги усвои предложените заклучоци по „Информација за нарушување и загрозување на образовниот процес како резултат на огромните долгови на Владата кон единиците на локалната самоуправа“, поднесена од пратеници од опозицијата.

Пратениците од опозицијата на расправата посочија дека блок-дотациите за обвразование што ги префрла Владата не одговараат на реалните трошоци за тековните обврски и оти тоа ги задолжува општините. Нивните долгови за енергенси, комуналии и превоз на учениците од околните села се наталожуваат и некои училишта поради тој проблем имаат блокирани сметки.

Менде Диневски од СДСМ рече дека Владата им должи на општините 25 милиони евра по основ на блок-дотации заклучно со мај годинава. Како пример ја посочи својата општина Битола каде две години не се подмируваат сметките за училишните превозници и седум месеци не е платено греењето.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, зборуваa за проектите во образованието што ги спроведува актуелната влада.
XS
SM
MD
LG