Достапни линкови

Чешка- уапсени двајца луѓе во случајот со отровен алкохол


Чешките власти денеска соопштија дека уапсиле двајца луѓе во врска со неодамнешниот бран на труење од нелегален алкохол.
Властите објавија дека тие се осомничени за намерно производство и продажба на алкохол со токсичен метанол.
Полицијата соопшти дека парите се главен мотив за нивното дело.
Осомничените се обвинети за „загрозување на јавноста“ и ако бидат прогласени за виновни може да се соочат со максимална казна од доживотен затвор.
Бранот на труење со метанол од почетокот на септември однесе 25 животи, а десетици луѓе се во болница, од кои некои во критична состојба. Властите воведоа и забрана за продажба на жесток алкохол. Полицијата верува дека околу 15 илјади литри на отровен алкохол биле пуштени во прозажба.
XS
SM
MD
LG