Достапни линкови

Интернет провајдерите во Чеченија го блокираат „YouTube“


На интернет провајдерите во Чеченија денеска им било наредено да го блокираат „YouTube“ за да спречат пристап до контроверзниот аматерски филм со кој се навредува пророкот Мухамед. Еден интернет провајдер во Чеченија, претходно го блокираше пристапот, а обвинителството им нареди уште на три провајдери да го сторат истото за да се спречи гледањето на филмот „Невиноста на муслиманите“. Филмот, направен во САД, предизвика насилни протести и напади врз американските амбасади низ целиот исламски свет.
XS
SM
MD
LG