Достапни линкови

Антички теракоти за почеток на „Европските денови на културно наследство“


Отварање на изложбата „Антички теракотни фигурини од Македонија“ во Музеј на Македонија.
Отварање на изложбата „Антички теракотни фигурини од Македонија“ во Музеј на Македонија.

Со отвoрање на изложбата „Антички теракотни фигурини од Македонија“ во Музеј на Македонија и официјално започна годинешната манифестација „Европски денови на културнотот наследство“ во нашата земја.

Изложбата „Антички теракотни фигурини од Македонија“ за свој медиум ја има избрано глината како универзален начин преку кој може да се пренесе идејата за материјализацијата на божествата. На неа, во 15 витрини, се прикажани преку 220 археолошки артефакти од археолошките локалитети: Вардарски Рид кај Гевгелија, Исар во близина на селото Марвинци, Валандовско, Стоби – Градско и Дебој и Горна Порта во Охрид.

Сите овие предмети претставуваат локална продукција, биле произведувани од овдешните мајстори кои секако имале некакви урнеци во побогатите развиени трговски центри, но со самиот факт што настанале овде тие добиле локални карактеристики и наше локално обележје.
Златко Видески, виш кустос во Археолошкиот оддел при Музејот на Македонија.
Хронолошки тие опфаќаат голем временски период, од најраното нивно појавување во архајкиот и раноантичкиот, преку стилското богатство и големата продукција во македонско хеленистичкиот период кога го сотигнуваат својот уметнички врв и се’ до раноримскиот период кога го доживуваат замирањето и дефинитивниот крај.

Златко Видески, виш кустос во Археолошкиот оддел при Музејот на Македонија, кој заедно со Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, е автор на постановката, вели дека изложбата е плод на големите капитални археолошки истражувања и дека со откриените бројни артефакти и наоди на теракотни фигурини се отворила можност за едно вакво репрезентативно претставување кое за прв пат ќе даде некаков увид или пресек за ова наше културно-историско наследство.
Златко Видески.
Златко Видески.

Тој дополнува дека според тематиката се издвојуваат женските теракотни фигурини и претставите поврзани со религиозниот и секојдневниот живот на населението. Но она што е битно, според него, е дека:
Ваков тип изложба треба да ни биде урнек како понатаму голем дел од овие материјали, тематски изложби да ги претставуваме и да не се повторуваме затоа што реакцијата во Рим беше многу позитивна.
Перо Јовановски, директор на Музеј на Македонија.

„Сите овие предмети претставуваат локална продукција, биле произведувани од овдешните мајстори кои секако имале некакви урнеци во побогатите развиени трговски центри, но со самиот факт што настанале овде тие добиле локални карактеристики и наше локално обележје.“

Инаку, изложбата „Антички теракотни фигурини од Македонија“, во мај годинава премиерно беше поставена во Рим во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на светите браќа Кирил и Методиј“.

Перо Јовановски, директорот на Музеј на Македонија, вели дека јавноста сега ќе има убава можност да погледне дел од нашето културно наследство кое е тематско и првпат собрано во ваков формат.

„Ваков тип изложба треба да ни биде урнек како понатаму голем дел од овие материјали, тематски изложби да ги претставуваме и да не се повторуваме затоа што реакцијата во Рим беше многу позитивна“, посочува Јосифовски.

Изложбата по Скопје ќе биде претставена и во неколку други градови во земјава и во регионот.

„Оваа година ќе бидеме фокусирани изложбата да биде претставена низ Македонија со намера наредното нејзино отворање да биде во Охрид и во неколку други музејски центри кои имаат добар галериски простор. Во начелни преговори сме со Археолошкиот музеј во Загреб за претставување на изложбата“, дополнува Видески.

Манифестацијата Европски денови на културното наследство веќе 20 години се реализира во месец септември во повеќе европски земји, а активностите во рамки на годинашното одбележување во Македонија ќе продолжат на 27 септември со Ревијата на етнолошки документарни филмови и ќе се одвиваат до 1 октомври.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG