Достапни линкови

logo-print

Ѕинго поднесе барање за престанок на пратеничкиот мандат


Пратеникот Љубисав Иванов - Ѕинго од Социјалистичката партија на Македонија денеска поднел барање за престанок на пратеничкиот мандат од лични причини.
На една од следните седници Собранието треба да го констатира престанокот на пратеничкиот мандат на Иванов, по што се известува ДИК, која пак го предлага следниот на листата.
Според Државната изборна комисија, следна на листата во Изборната единица 3, од која доаѓа Иванов, е Марија Рашковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Љубисав Иванов - Ѕинго беше пратеник во сите собраниски состави од самостојноста на Македонија.
XS
SM
MD
LG