Достапни линкови

Турција-прокурдска партија повикува на дијалог


Турски војници.

Турски војници.

Прокурдската Партија за мир и демократија (ПМД) повика за преговори меѓу турската Влада и курдските бунтовници, со цел да се спречи натамошна ескалација на насилството, што би можело да ги поткопа напорите за нов полиберален устав.

„Ако судирите продолжат, постои голем ризик тоа да прерасне во етнички конфликт и социјалните тензии да се зголемат. Да се вратиме на патот на дијалог и преговори и војната да престане“, изјави Ѓултен Кашанак, потпретседател на ПМД.

Повеќе од 700 луѓе се убиени по парламентарните избори во Турција, кои се одржаа во јуни минатата година, што го прави изминатиот период најсмртоносен по апсењето на курдскиот бунтовнбички лидер Абдула Оџалан во 1999 година, соопшти Меѓународната кризна група.
XS
SM
MD
LG