Достапни линкови

Македонија меѓу ветувањата и реалноста


Претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова на неделната литургија во црквата Св.Никола во Тотова, Њу Џерси.
Претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова на неделната литургија во црквата Св.Никола во Тотова, Њу Џерси.

Едноставно луѓето сè помалку и помалку веруваат на ветувања од тој тип, искажани во една таква релаксирачка форма дека нема проблеми и дека и да ги има ќе се решат, вели професор Илија Ацески.

Во реакцијата на обраќањето на премиерот Никола Груевски пред бизнисмените, опозицијата наведува дека тој го потврдил она што јавноста го зборува две и пол години дека државата им должи на фирмите и по основ на поврат на ДДВ и по други основи. После ова свое признание, наведува професор Ванчо Узунов, советник за економски прашања во СДСМ, премиерот Груевски нема оправдување за неуспешните политики како на пример дека со месеци ни велеле дека нема долг на државата.
Тоа што го кажа вчера премиерот му е најискрената изјава во неговиот мандат, само испревртена на обратен начин. Тој фактички вчера призна дека во последните години води потполно погрешна политика и сега демек ќе ја исправи. Граѓаните да научат, бизнисмените веќе знаат, дека целото тоа е шоу само за да се задржи власта и ништо повеќе.
Ванчо Узунов, универзитетски професор, советник за економски прашања во СДСМ.

„Тоа што го кажа вчера премиерот му е најискрената изјава во неговиот мандат, само испревртена на обратен начин. Тој фактички вчера призна дека во последните години води потполно погрешна политика и сега демек ќе ја исправи. Граѓаните да научат, бизнисмените веќе знаат, дека целото тоа е шоу само за да се задржи власта и ништо повеќе.“
Обраќање на премиерот Никола Груевски на средбата со бизнис заедницата и стопанските комори.
Обраќање на премиерот Никола Груевски на средбата со бизнис заедницата и стопанските комори.

Големиот проблем е во судирот меѓу ветувањата, реалноста и сегашната економија. Се дотогаш, ако овие работи не ги доведеме во ред, ќе бидеме во голема неволја, додава Узунов.

„Половина година однапред на цела една популација од 300-400 илјади луѓе, тоа се пензионерите, им вели за шест месеци од денес ќе ви ги качам пензиите за 5 проценти, а пред неполн месец им ја качи само струјата за 10 отсто, а и другите цени се качуваат.“
Еве назад 7, па и 10 години и повеќе, не се работи само за оваа коалиција којашто е на власт, едноставно луѓето сè помалку и помалку веруваат на ветувања од тој тип, искажани во една таква релаксирачка форма дека нема проблеми и дека и да ги има ќе се решат.
Илија Ацески, универзитетски професор.

Премиерот во обраќањето тврдеше дека ситуацијата ќе се промени на подобро насекаде најавувајќи дека во 2013 пензиите ќе се зголемат како и интензивирање на крупните капитални инвестиции како што е изградбата на коридори и автопатишта. На граѓаните им останува да му веруваат на зборови, но едно е сигурно, дека ако за 7 години неговиот тим не го сторил тоа, тогаш значи дека не умеат подобро, вели социологот Илија Ацески. Според него, политичарите по дефиниција мора да влеваат оптимизам, но оти мора да постои мерка дека не може бесконечно да им продаваат нереална среќа.

„Еве назад 7, па и 10 години и повеќе, не се работи само за оваа коалиција којашто е на власт, едноставно луѓето сè помалку и помалку веруваат на ветувања од тој тип, искажани во една таква релаксирачка форма дека нема проблеми и дека и да ги има ќе се решат.“

Како што дообјаснува Узунов, со многу недообјаснети прашања овие ветувања за зголемување пензии и враќање долг кон стопанството може само повторно да ја распламтат дебатата дали Македонија повторно ќе биде приморана да се задолжува, додава Узунов.

Дека политичарите нема да го сменат својот курс, според експертите, зборува и говорот на претседателот Иванов. Се обидуваме сега со нашите млади луѓе, од кои многумина се вратени во Македонија од Канада или Америка, да го направиме животот многу полесен во Македонија и многу подостоинствен. Многу повеќе се инвестира во младите, изјави Иванов на средбата со Македонците од Њу Џерси. Овој говор е целосно празен. Тоа се гледа на прв поглед и затоа не би рекол дека постои сериозна намера да се смени курсот , заклучува Узунов, кој над кажаните зборови потсети дека во земјава веќе подолго време се замижува пред желбата на младите да ја напуштат земјава за што зборува и тоа што подолго време никој не објавува бројки колку си заминале.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG