Достапни линкови

Бан Ки Mун и Јахјага разговарале за дијалогот Белград-Приштина


U.S. -- Kosovo's President Atifete Jahjaga and PM Hashim Thaci met with UN Secretary General, Ban Ki-moon, New York, 23Sep2012

U.S. -- Kosovo's President Atifete Jahjaga and PM Hashim Thaci met with UN Secretary General, Ban Ki-moon, New York, 23Sep2012

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во Њујорк разговарал со косовската претседателка Атифете Јахјага. Тој го изразил значењето од зачувувањето на стабилноста на Косово, додека Јахјага инсистирала дека Белград треба да ги примени досега постигнатите договори во рамки на дијалогот.

Јахјага на вчерашниот состанок зборувала и за претстојниот дијалог со Белград, истакнувајќи дека тоа е добар, но не и единствен начин за нормализирање на односите.
Разговарале е и за ситуацијата во северниот дел на Косово, каде, како што смета Јахјага, илегалните структури го кршат територијалниот интегритет на Косово и жителите во овој дел ги држат како заложници.

Генералниот секретар на ОН нагласил дека целиот регион на Западен Балкан треба да тежнее кон евроатлански интеграции и повеќе да работи на зачувување на мирот и стабилноста.
На состанокот присуствувале и косовскиот премиер Хашим Тачи и неколку министри.
XS
SM
MD
LG