Достапни линкови

Ваши коментари - Пораките од Филе најинтересни


Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со премиерот Никола Груевски во Скопје.
Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со премиерот Никола Груевски во Скопје.

Интервјуто со еврокоемсарот за проширување Штефан Филе и неговите пораки до македонските власти предизвикале најголем интерес на нашата интернет страна.

Судејќи барем според досега испратените ваши коментари се чини дека дел од граѓаните не се согласуваат со дел од експертите дека „Македонија им дава аргументи на противниците“ - како што гласи и насловот на нашиот прилог, во кој, покрај другото, политиколозите Пендаровски и Муслиу сметаат дека македонската дипломатија и политичките првенци честопати со неумерени изјави и потези им даваат простор за игра на регионалните националистички и популистички структури.

Можеби е наивно да се верува дека ќе почнат преговори без промена на името, но уште понаивно е да се верува дека ќе се промени името за да почнат преговорите“.
Коментар од читател.
Џејмс Т Кирк од Скопје мисли дека нашите соседи имаат сосема „добра“ одлика да ставаат Македонци за свои херои, а Петко од Охрид иронично прашува да не е провокација филмот „Трето полувреме“? Петко, исто така, му забележува на Пендаровски дека не сретнал негова критика кога бугарските и грчките душегрижници, како што пишува, ја плукаат Македонија и дека ги бранел туѓите интереси за да ја срамел Македонија.

Миле, исто така од Охрид, повторно со својот познат негативен став и спрема консултираните експерти и спрема Радио Слободна Европа, обвинувајќи дека сме правеле обиди силувачот да биде прикажан како жртва, а силуваниот како провокатор.

И нашето редовно неделно ТВ интервју, овој пат со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, кое ја третира и темата добрососедство, предизвикало негативни коментари од Димче Дамевски, кој се потпишува со „Смилево 1903 Даме Груев“ и од Сашо. Тезите на Дамевски ги знаеме, зашто повеќепати се јавува со речиси исти коментари на нашата веб-страница, а сега прашува каде била европската правда за Македонија и за македонскиот народ и дека проблемот ќе се решел брзо и ефикасно ако „Македонија се обедини во 1913 година“ и дури дава и совети како Европа и нејзините институции да работат поефикасно.

Сашо од Скопје му забележува на нашиот новинар дека не ги поставувал вистинските прашања и дека Филе требало да биде прашан зошто Бугарија и Грција имаат проблем со Македонија и дали поделбата во 1912 година не бил вистинскиот проблем.

Ники од Република Македонија пишува вака: „Можеби е наивно да се верува дека ќе почнат преговори без промена на името, но уште понаивно е да се верува дека ќе се промени името за да почнат преговорите“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG