Достапни линкови

Белорусија - Сите за Лукашенко


Александар Лукашенко.
Александар Лукашенко.

Белоруските власти соопштија дека на вчерашните парламентарни избори имало голем одѕив на гласачите и покрај тоа што тие биле бојкотирани од главните опозициски партии. Според првичните резултати, победија партиите кои го поддржуваат претседателот Александар Лукашенко.

Шефицата на Централната изборна комисија Лидија Јермошина соопшти дека одѕивот бил над 74 насто и оти биле избрани 109 пратеници. Таа додаде дека само во едно место се уште нема победник. Имено, кандидатот не успеал да ги обезбедни неопходните над половина од гласовите и таму гласањето ќе биде повторено.
За време на овие избори, според првичните резултати, беа избрани 109 депутати. Има само едно изборно место каде што не е избран депутат. Тоа е во регионот Гомел, каде што имаше еден единствен кандидат и тој не успеа да осови мнозинство од гласовите. Затоа таму ќе има нови избори.
Лидија Јермошина, шефица на Централната изборна комисија.

„За време на овие избори, според првичните резултати, беа избрани 109 депутати. Има само едно изборно место каде што не е избран депутат. Тоа е во регионот Гомел, каде што имаше еден единствен кандидат и тој не успеа да осови мнозинство од гласовите. Затоа таму ќе има нови избори“, изјави Јермошина.

Главните две опозициски партии ги повикаа своите избирачи да ги бојкотираат изборите поради навестена изборна измама, но и проблемот со политичките затвореници.
Шефицата на Централната изборна комисија Лидија Јермошина
Шефицата на Централната изборна комисија Лидија Јермошина

„Ги повикуваме гласачите да ја бојкотираат оваа изборна фарса“, изјави лидерот на Единствената граѓанска партија Анатолиј Лебедко.

Изборите ги бојкотираше и Белорускиот народен фронт кој побара од граѓаните наместо на гласање да одат на риболов и на берење печурки.

Изборите во земјите каде што тие се досадни и мирни, се добри за народот.
Александар Лукашенко, претседател на Белорусија.
Сепак, околу 40 кандидати на комунистичките и левичарските партии останаа во изборната трка и од нив само тројца влегоа во Парламентот во кој доминираат оние кои му се лојални на претседателот Александар Лукашенко. Последните три опозициски пратеници ги загубија нивните места уште во 2004 година.

Главна забелешка на опозицијата, покрај политичките затвореници, беше тоа што изборните кутии со денови стоеле на изборните места без никакво обезбедување. Организациите за човекови права, пак, соопштија дека имало и приведувања на опозициски активисти на кои им било забрането да агитираат бојкотирање на изборите.

„Изборите во земјите каде што тие се досадни и мирни, се добри за народот“ изјави Лукашенко по гласањето на кое се појави со неговиот седумгодишен син Коља.

Сепак тој предупреди дека мирот нема да потрае, доколку опозицијата реши да организира протести, како по претседателските избори во 2010 година. Тогашните масовни улични протести беа задушени.
Антонио Милошоски, шеф на мисијата на ОБСЕ која ги следеше изборите во Белорусија
Антонио Милошоски, шеф на мисијата на ОБСЕ која ги следеше изборите во Белорусија

„Сите видови политички глупости тука се случуваат откако ќе бидат објавени резултатите“, изјави Лукашенко кој е на власт во Белорусија уште од 1994 година.

Тој ги нарече опозициските лидери кукаквици. Изборите на кои околу 7 милиони граѓани имаат право на глас ги следеа околу 300 посматрачи на ОБСЕ.

„Нема посакуван баланс во подрачните изборни комисии за да може секој политички актер да има доверба во изборниот систем“, изјави вчера Антонио Милошоски, шеф на мисијата на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права која ги следеше изборите во Белорусија.
XS
SM
MD
LG