Достапни линкови

Аврамопулос разговарал со Бан Ки-Мун за името на Македонија


Бан Ки-Мун

Бан Ки-Мун

Кипарското и прашањето за името на Македонија биле главни теми на синоќешниот состанок меѓу грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун.
Како што соопшти грчкото МНР, Аврамопулос му ја објаснил на Бан Ку-Мун ситуацијата и зошто не се продолжува во насоката што сите ја посакуваат, во рамките на процесот што се одвива под покровителство на ОН“.

„Јасно е дека тоа не е поради Грција. Ние ја истакнавме потребата што е можно побрзо да се одговори на преземените иницијативи со целосна почит кон историјата на нашата земја. Од друга страна, изнаоѓање решение ќе биде во интерес на стабилноста, мирот и соработката во овој чувствителен дел на Европа“,

се наведува во изјавата на Аврамопулос.

XS
SM
MD
LG