Достапни линкови

logo-print

Фридом Хаус - интензивирани напади врз „Интернет Слободата“


Во извештај на Фридом Хаус се наведува дека владите во светот ги интензивираат напорите против слободата на интернетот.
Нивните орудија и мерки стануваат пософистицирани, се наведува во извештајот „Слобода на Нет 2012“.
Според извештајот, се забележува феноменот на платени про - владини коментатори во 14 од 17 земји.
Бројот на сајбер напади ,исто така, се зголемува, како и законските рестрикции и физички напади врз критичарите на владите. Иран, Куба и Кина се на дното, а во неслободни земји се и Белорусија и Узбекистан.
Азербејџан, Пакистан и Русија се опишуваат како "ранливи" во годината што следи. Како најслободна интернет земја се смета Естонија.
XS
SM
MD
LG