Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун со предупредување до Ахмадинеџад


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун го предупреди иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за опасноста од „ провокативната реторика“.
Станува збор за изјава на воено лице од исламската револуционерна гарда кој тврди дека Иран би можел да изведе напад врз Израел доколку се сомнева дека Израел е подготвен да нападне.Бан Ки Мун се сретна со Ахмадинеџад во Њујорк во пресрет на овонеделното 67 Генерално собрание на Обединетите Нации. Бан Ку Мун изјави и дека со Ахмадинеџад разговарал и дека Иран треба да направи се што е потребно за да ја убеди меѓународната заедница дека нуклеарната програма е наменета исклучиво за мирољубиви цели. Западните земји го обвинуваат Иран дека тајно развива нуклерано оружје.
XS
SM
MD
LG