Достапни линкови

Иванов и Попоски на 67-то Генерално собрание на ОН


Претседателот Ѓорѓе Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе учествуваат на 67-то Генерално собрание на Обединетите нации. Иванов ќе се обрати на генералното Собрание на ОН во четврток. Во рамките на посетата, тој ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.
Претседателот Иванов, покрај билатералните средби во Њујорк, ќе присуствува на приемот на претседателот на САД Барак Обама, како и на свеченото отворање на новите простории на Европската Унија при ОН во присуство на претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Македонската делегација, во која е и министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе се сретне со посредникот во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц, а министерот Попоски ќе оствари средба и со шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос.
XS
SM
MD
LG