Достапни линкови

logo-print

Немири во Грција за време на протестот на муслиманите


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Грчката полиција спречила протест на муслимани во Атина, кој требало да се одржи пред американската амбасада. Муслиманите протестирале против анти-исламскиот филм „Невиност на муслиманите“.
Дел од муслиманите кои живеат во Грција во 15 часот се собрале на плоштадот „Омонија“ во централниот дел на главниот град. Според грчките медиуми на протестот имало околу 600 лица, кои скандирале „Алах е голем“.
Во моментот кога демонстрантите сакале да тргнат кон американската амбасада, грчката полиција употребила солзавец. Учесниците во протестот на полицајците им возвратиле со шишиња и други предмети.
XS
SM
MD
LG