Достапни линкови

Продолжуваат борбите ширум Сирија


Сириските владини трупи бомбардирале неколку области и се судриле со бунтовниците во Алепо, јавува сириската опозиција. Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон денеска соопшти дека владините сили ја гранатирале северната провинција Идлиб, Дараа и градот Aл Растан во провинцијата Хомс. Тешки борби се воделе во Алепо.
Сириската опозицијата соошти дека вчера биле убиени 200 луѓе, што го прави еден од најкрвавите денови од почетокот на востанието против владеењето на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG