Достапни линкови

logo-print

СДСМ- премиерот призна дека државата им должи на фирмите


Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред бизнисмените го потврди она што таа партија го зборува две ипол години дека државата им должи на фирмите и по основ на поврат на ДДВ и по други основи, се вели во писмена реакција на СДСМ.

Од СДСМ велат дека после ова признание, премиерот Груевски треба да ги разреши владините претставници кои со месеци им велеле на граѓаните на Македонија дека нема долг на државата и оти државата во законски утврдените рокови ги подмирува своите обврски кон фирмите.

Според СДСМ, се потврдило дека причината за рецесијата во Македонија не се должи на европската криза туку е последица од штетните потези на неговата Влада, меѓу кои, и акумулирањето на државниот долг кој што допрва се ветува дека ќе се регулира.
XS
SM
MD
LG