Достапни линкови

logo-print

За стопанствениците најавите на премиерот, се добар сигнал


Решенијата што ги понуди премиерот се добар сигнал за продолжување на проектите на стопанството кои се во фаза на ревизија, изјави Антони Пешев, член на УО на Стопанската комора на Македонија.
Премиерот пред бизнис заедницата, најави дека до февруари следната година ќе биде исплатен целокупниот долг на државата кон стопанството.
Особено сме задоволни, истакна Пешев, што Владата првпат проговара отворено за проблемите во Македонија. Веќе подолго време во кулоарите се разговара за нивото на интерна задолженост во рамките на македонската економија.
Според Пешев, премиерот понудил решенија кои значат мало задоцнување на законски одредените рокови, но, сепак, како што рече, се благ сигнал дека на проблемот се пристапува конструктивно.
XS
SM
MD
LG