Достапни линкови

Авганистан забрани продажба на сите весници од Пакистан


Авганистанската влада забрани продажба на сите весници од Пакистан. Според нив забраната е за да се спречи Талибанците да влијае врз јавното мислење низ медиумите. И обичните Авганистанци велат дека пакистанските весници шират пропаганда и непријателска реторика. Забраната најверојатно ќе допринесе за зголемување на тензиите меѓу соседните земји. Врските меѓу двата соседа се затегнати со месеци поради прекуграничните бомбардирањето за кои авганистанските власти го обвинуваат Пакистан. А, Исламабад го обвинува Авганистан за неуспехот да се справи со милитантите кои оперираат од своите бази на авганистанската страна на границата.
XS
SM
MD
LG