Достапни линкови

Почина поранешниот боксерски шампион Кори Сандерс


Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Кори Сандерс почина денеска откако беше застрелан од ограбувачи за време на семејна веселба во ресторан во Јужна Африка.
Четириесетишестгодишниот Сандерс бил застрелан во стомакот и раката. Тој е најпознат по борбата во 2003-та во Хановер, Германија, кога го совлада тогашниот шампион Владимир Кличко во вториот круг . Тоа беше еден од трите порази во кариерата на украинскиот боксер кој е актуелен шампион на Светската боксерска Организација. Сандерс се пензионираше во 2008.
XS
SM
MD
LG