Достапни линкови

СДСМ бара Владата итно да подготви нов ребаланс


Ванчо Узунов.

Ванчо Узунов.

Владата треба итно да подготви нов ребаланс на буџетот и во него да имплементира неколку најитни мерки и проекции, бара Економско-социјалниот совет на СДСМ.

Според Ванчо Узунов, член на Економско-социјалниот совет на СДСМ, Владата во новиот ребаланс треба да ја констатира рецесијата и проекцијата за растот на БДП да ја сведе на реално остварлива, 0 проценти, 0,5 проценти или евентуално 1 процент.

Узунов вели дека Владата под итно треба да ги сопре сите непродуктивни трошоци, или сите трошоци кои на никаков начин не помагаат да се излезе од рецесионата криза.
Од СДСМ бараат во најкраток можен рок Владата да излезе со точните долгови кои ги има кон стопанството и прецизно да биде дефинирано како тој дол го крајот на годината ќе го врати.
XS
SM
MD
LG