Достапни линкови

Либија ги расформира вооружените групи


Либиските власти објавија одлуката за распуштање на милицијата и на вооружените групи кои не се под надлежност на државата.
Соопштението беше издадено доцна синоќа од страна на Мохамед ал Мегариеф, шефот на либиското Националното собрание, откако жителите на Бенгази демонстрираа против милициите.

Властите, исто така, одлучија да ги соберат во едно војската, силите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана и бригадите кои ги сочинуваат поранешни бунтовници.

Две исламистички милиции, Абу Тенок и Ансар ал Шарија, претходно најавија дека ќе го положат оружјето и ќе ги напуштат нивните бази во источниот град Дерна.
XS
SM
MD
LG