Достапни линкови

Ќерката на поранешниот ирански претседател Рафсанџани во затвор


Поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани.

Поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани.

Ќерката на поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани од денеска ја издржува шестмесечната казна затвор за ширење на антидржавна пропаганда. Феза Хашеми беше уапсена вчера. Таа е осудена во јануари.
Хашеми е поранешен член на парламентот, поранешен шеф на спортската федерација на жените и истакнат застапник на правата на жените.
Во прилог на затворска казна, судот и издаде и петгодишна забрана за политичка, културна и новинарска активност.
XS
SM
MD
LG