Достапни линкови

Бан Ки Мун и Лахдар Брахими разговарале за Сирија


Mеѓународниот претставник за Сирија Лахдар Брахими.

Mеѓународниот претставник за Сирија Лахдар Брахими.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и меѓународниот претставник за Сирија Лахдар Брахими разговарале за ситуацијата во Сирија, а тоа ќе биди и една од главните теми на Генералното собрание на ОН, следната недела.
Во соопштени се наведува дека на вчерашниот состанок Брахими и Бан Ки Мун разговарале за неодамнешната посета на специјалниот пратеник на Дамаск.
Брахими утре ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН.
Во соопштението се наведува дека ситуацијата во Сирија се влошува и дека претставува се поголема опасност за мирот и безбедноста во регионот.
Брахими и Бан Ки Мун разговарале за можните решенија со кои би се завршило „страшното насилство “во Сирија и за тоа како да му се помогне на сирискиот народ.
XS
SM
MD
LG