Достапни линкови

Израел нема да се согласи на промени на мировниот договор со Египет


Израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман.

Израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман.

Израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман, денеска изјави дека неговата земја нема да се согласи со „било каков вид на промени“ на мировниот договор со Египет потпишан во 1979.
По соборувањето на долгогодишниот египетски лидер Хосни Мубарак во 2011 година, многу египетски политичари, вклучувајќи го и претседателот Мухамед Морси и движењето Муслиманското братство, повикаа на промени на договорот. Тие повикаа да се промени ограничувањето на војниците кои служат на полуостровот Синај.
Египетските лидери велат дека регионот е несигурен, исто и границата со што се крши суверенитетот на Египет.
Три напаѓачи и еден израелски војник беа убиени во инцидентот по должината на границата на 21 септември.
XS
SM
MD
LG