Достапни линкови

Швајцарија гласа за забрана на пушење на јавно место


Во Швајцарија денеска се одржува референдум на кој гласачите се изјаснуваат за тоа дали да се забрани пушењето на сите јавни места и во затворени работни простории. Според последните анкети на јавното мислење, околу 52 проценти се противат на оваа мерка, додека 41 отсто го поддржуваат, а 7 отсто се неопределени. Референдумот е наменет за зајакнување на законот усвоен во 2010 година, со кој исто така се забранува пушење на јавни места. Но тој закон овозможува бројни исклучоци и е различно имплементиран во различни швајцарски кантони.
XS
SM
MD
LG