Достапни линкови

Меркел и Оланд за натамошно јакнење на врските во рамки на Унијата


Францускиот претседател Франсоа Оланд и Германската канцеларка Ангела Меркел порачаа денеска дека продлабочувањето на економските и политичките врски е клучно за натамошниот напредок на Европската Унија.Оланд и Меркел се состанаа во градот Лудвигзбург,на југозападот на Германија,за да ја одбележат годишнината од почетокот на историското помирување на двете држави по Втората Светска Војна.Оланд истакна дека Германија и Франција и натаму споделуваат посебна одговорност зошто како што рече,тие претставуваат срцето на Европа,и додаде дека на сегашното статус кво треба да се гледа како на нов почеток на подлабоко интегрирање во рамки на ЕУ.Меркел кажа дека двете држави мора заедно да работат на јакнењето на Европа и надминувањето на предизвиците, особено во економијата.
XS
SM
MD
LG