Достапни линкови

logo-print

Средба на лидерот на ДУИ Ахмети со албанскиот министер за надворешни работи Панарити


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и албанскиот министер за надворешни работи, Едмонд Панарити на вчерашната средба во Подградец разговарале за билатералните односи меѓу двете земји, за спроведувањето на Охридскиот договор, како и за случувањата во двете земји и регионот.Панарити, како што соопшти албанското Министерство за надворешни работи, се заложил за унапредување на соработката меѓу двете земји, а како многу значајни за стабилноста на Македонија ги оценил меѓуетничките односи, особено оние меѓу Македонците и Албанците.Тој го поздравил досегашниот политичкиот дијалог меѓу партиите во владината коалиција во Македонија.
XS
SM
MD
LG