Достапни линкови

logo-print

Роденденска забава предизвика хаос во Холандија


Полицијата морала да интервенира во нередите до кои дошло откако тинејџерка од Холандија поради забуна упатила повик за журка преку Facebook. Таа поканата ја упатила по повод нејзиниот 16.роденден, а на забавата дошле 3000 лица.Нередите во еден момент излегле од контрола па учесниците на журката врз полицајците почале да фрлаат со камења,шишиња и со саксии со цвеќе.Во тој метеж повредени се шест луѓе од кои тројца потешко,а 20 се приведени.Тинејџерката планирала мала забава но поради грешка преку Facebook испратила покани до 20 000 лица.
XS
SM
MD
LG