Достапни линкови

Белорусија-Опозицијата повикува да се бојкотираат парламентарните избори


Во Белорусија шест опозициски групи ги повикаа гласачите да ги бојкотираат парламентарните избори што треба да се одржат во недела.Лидерите на опозициските групи на заедничката пресс конференција во Минск изјавија дека не може да има слободни или фер избори,додека опонентот на претседателот Александар Лукашенко е во затвор. На изборите за нови членови на Парламентот се очекува најголемиот дел од власта и натаму да остане во рацете на Лукашенко, кој ја предводи Белорусија од 1994.Амнести Интернејшанал оцени дека во предизборието имало повеќе приведувања на опозициски активисти.
XS
SM
MD
LG