Достапни линкови

Повредени во немири во Мадрид


Шеесет лица денеска се повредени,а 11 се приведени,во немирите кои избувнаа кога полицијата на околу сто лица не им дозволи да влезат на музички фестивал во Мадрид. Младите фрлаа шишиња врз полицијата и палеа контејнери кога не им беше дозволено да влезат на Фестивал на Ем Ти Ви во западниот дел на градот, изјави портпаролот на полицијата, кој немирите ги нарече невообичаени по обемот и интензитетот.Судирите на повеќе десетици полицајци и околу 1000 млади лица продолжиле и по градските улици и траеле четири часа.
XS
SM
MD
LG