Достапни линкови

Претседателот Иванов во Њујорк на Генералното собрание на ОН и на средби со Бан Ки-мун и Нимиц



Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од вчера до 29 септември престојува во Соединетите Американски Држави. Повод за посетата е учеството во работата на 67. Генерално собрание на Обединетите нации, каде претседателот Иванов ќе има обраќање на генералната дебата на 27 септември.Иванов во Њујорк ќе има средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, и со неговиот специјален пратеник во разговорите за името Метју Нимиц,на кои ќе го реафирмира барањето за деблокада на македонските интеграциски процеси за членство во Европската унија и НАТО, преку почитување на пресудата од Хаг и меѓународно преземените обврски, а ќе побара и деблокада на процесот кој се води под покровителство на генералниот секретар на ОН за надминување на разликата околу името.
XS
SM
MD
LG