Достапни линкови

Квалитетот добар, тутунарите очекуваат повисоки откупни цени


Почна раниот откуп на тутунот. Производителите се задоволни од квалитетот на реколтата и очекуваат за 15 отсто повисоки откупни цени од лани.

Ѓоре Стојкоски е долгогодишен тутунопроизводител. Производството на тутун е семеен бизнис. Годинава ориентален тутун има посадено на 30 до 40 декари, а освен семејството ангажирани се уште осуммина работници, кои работат за дневници. Тој ќе го предава родот во првата фаза од раниот откуп, зашто велат има големи обврски кои чекаат плаќање.
Имаме трошоци, садиме по 30-40 декари, треба да се платат аргати, имам јас 8 аргати и треба инвестиција за тоа. Ние сме благодарни за ова предвреме што го откупуваат, за да можеме да излеземе на крај, 38 декари, не очекувам да бидам под 9 тони, просечна цена се надевам на двојка, 170-180 денари, плус премијата од државата што ја дава.

„Имаме трошоци, садиме по 30-40 декари, треба да се платат аргати, имам јас 8 аргати и треба инвестиција за тоа. Ние сме благодарни за ова предвреме што го откупуваат, за да можеме да излеземе на крај, 38 декари, не очекувам да бидам под 9 тони, просечна цена се надевам на двојка, 170-180 денари, плус премијата од државата што ја дава.“

И Стале Сталески и Томислав Најдоски се одлучија во раниот откуп да ја предадат годишната берба. Велат немаат место каде да ги чуваат балите, а вака ќе ги намалат трошоците за струја при пеглањето во студените зими.

„Повеќе е поради чувањето, тој е за да давање, не е за чување дома. Ние имаме малку со бабата, си работиме малку, околу 300 килограми сметаме“, вели Сталески.
Ако лани добивме 164,7 денари за килограм тутун, оваа година, според квалитетот, очекуваме да не падне под 190 денари просечната цена, квалитетот е одличен. Ние мораме да го поддржиме овој пилот проект со оглед на тоа дека самите индивидуални производители потпишуваат анекс договори.

„Фамилијарно може до 1.000 килограми да дојдеме, четворица го работиме, поради тоа што е потопло сега, не треба греење, оти во зима треба дрва и постудено е, во моментов сега бараме да го однесеме предвреме, еве дојде сега 4.000 денари за струја, 10.000 пензија, а 4.000 за струја“, вели Најдоски.

Годинешната реколта е тешка околу 22.000 тони, од нив 14.000 се производство на пелагониските тутунари. Родот е со одличен квалитет и според очекувањата на тутунопроизводителите треба да се постигне повисока просечна откупна цена од ланската која изнесуваше 164,7 денари за килограм.

Најголем дел од количествата се ориентален тутун којшто е засаден на околу 65 отсто од површините. А, според утврдените мостри, цените ќе се движат од 55 денари за килограм најниска 4-та класа, 123 за трета, 172 за втора и 220 до максимум 240 денари за прва класа.

„Ако лани добивме 164,7 денари за килограм тутун, оваа година, според квалитетот, очекуваме да не падне под 190 денари просечната цена, квалитетот е одличен. Ние мораме да го поддржиме овој пилот проект со оглед на тоа дека самите индивидуални производители потпишуваат анекс договори“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.

Раниот откуп стартуваше со 39 ваги, на 36 пунктови. Во државава регистрирани се вкупно 8 откупни фирми: Тутунски Комбинат од Прилеп, Сокотаб од Битола, Алијанса Кавадарци, Центротабак Велес, Струмица табак, Далија од Делчево, Влатко Пашоски, самостоен тутунски дилер и Орбита табак од Скопје, што го закупи пунктот во Крушево.

Со овој ран откуп во првата фаза, до крајот на септември и втората фаза во втората половина на октомври се планира да бидат откупени вкупно 4.600 тони. Тоа е четвртина од производството. Раниот откуп годинава се очекува да успее до 86 отсто, значително повеќе во однос на ланскиот процент од 47 отсто од планираните 1.300 тони.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG