Достапни линкови

Вицепремиерот Џафери на работна посета на САД


Вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, Муса Џафери од денеска до 26 септември ќе престојува во работна посета во САД.
Како што стои во соопштението на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, вицепремиерот Џафери денеска ќе учествува во 16. издание на „Гала наградите“, што се одржува во Њујорк во организација на Националниот албанско-американски совет, како дел од одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија и националното знаме.
За време на посетата во САД, Џафери во Вашингтон ќе биде примен од заменик-помошникот државен секретар Филип Рикер, а ќе се сретне и со аналитичарот Даниел Сервер од Американскиот институт за мир.
Вицепремиерот Џафери ќе оствари средби и со претставници на албанската дијаспора во Чикаго, САД.
XS
SM
MD
LG