Достапни линкови

Косово, без србите на северот, има 1.739.825 жители


Косово има 1.739.825 жители, без Србите од северот, покажуват конечните резултати од пописот спроведен минатата година.
Резултатите од пописот за половата припадност покажуваат дека на Косово живеат 50,4 проценти мажи, односно 49,6 отсто жени.
Конечните резултати се претставени на прес-конференција, на која присуствуваа и претставници на Евростат.
Пописот на населението, домаќинствата и становите е спроведен од 1 до 15 април минатата година, а Србите од северно Косово го бојкотираа.
Според податоците од последниот попис, на кој учествуваа косовските Албанци во 1981 година, на Косово живееле 1.584.000 жители. Пописот од 1991 година го бојкотираа Албанците, а проценето е дека тогаш на Косово живелее речиси два милиона жители.
XS
SM
MD
LG