Достапни линкови

Тројца загинати при протестите во Пакистан


Три лица загинаа, а над 60 се ранети денеска во Пакистан за време на протестите поради филмот со кој се исмева пророкот Мухамед. Двајца загинаа во Пешевар каде што демонстрантите запалија две кино сали и Трговска Комора.
Еден полицаец пак загинал при престрелка со демонстрантите во Карачи.
Таму, како и во Лахоре и Исламабад, демонстрантите се обиделе да ги нападнат американските и француските дипломатски преставништва.
XS
SM
MD
LG