Достапни линкови

Попоски - Решавањето на спорот за името е заеднички интерес


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Во пресрет на средбата со неговиот грчки колега Аврамопулос, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски најави оти ќе се обиде да ги урне вештачки наметнатите перцепции дека Македонија претставува закана за некого.

Со нов пристап кој има за цел да нагласи дека надминувањето на билатералниот спор околу името е заеднички интерес на двете земји ќе настапи министерот за надворешни работи Никола Попоски на веќе најавената средба в понеделник со неговиот грчки колега Аврамопулос за време на Генерално собрание на ОН. Ова, имајќи го предвид и тоа дека НАТО во минатото ги носел одлуките врз база на заедничкиот интерес, а тоа е мир и просперитет, појасни Попоски, кој рече и дека обидите ќе одат во насока да ги урнеме бариерите кои ни се вештачки наметнати дека претставуваме закана за некого, како и тоа да се покажат како невалидни досегашните грчки аргументи во таа насока.
Не треба да креираме посебни очекувања, да почекаме средбата да се случи и од неа да извлечеме заклучоци за тоа дали тој ќе биде пресретнат и од другата страна.

Не треба да креираме посебни очекувања, да почекаме средбата да се случи и од неа да извлечеме заклучоци за тоа дали тој ќе биде пресретнат и од другата страна, додаде на денешниот брифинг Попоски.
Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје на 17 септември 2012.

Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје на 17 септември 2012.


Шефот на македонската дипломатија рече дека засега не гледа материјал за создавање негативна клима со соседна Бугарија и дека е убеден оти Бугарија нема никаков интерес да стане нова бариера за македонското членство во ЕУ и НАТО. Станува збор за измислени перцепции и наметнати провокации кои пред сè ги креираат одредени медиуми и политичари кои немаат голема тежина, па доколку одговориме на таквата наметната реторика и ние би придонеле за создавање на таква клима, додаде Попоски.

Македонија не била никогаш поподготвена за отпочнување пристапни преговори со Унијата, рече на денешниот брифинг Попоски и во тој контекст, пристапниот дијалог на високо ниво ќе се третира како начин за скратување на тој пат, што значи целта нема да биде само создавање позитивна клима и примање позитивни пораки туку и добивање датум за отпочнување преговори.
XS
SM
MD
LG